Аеродром · Скопје

Повеќе од
игра.

Тенис и падел на кејот на реката Вардар — со академија за секое ниво и нов клубски простор создаден за денот да продолжи и по последниот поен.

04падел
терени
03тениски
терени
200m² кафе
и клуб

Визуелизација на проектот

Академија

Твојот терен.
Твојот ритам.

Програми за деца, рекреативци и натпреварувачи — со стручни тренери, индивидуален пристап и средина во која напредокот доаѓа природно.

01

Детска школа

Први чекори, правилна техника и љубов кон спортот.

02

Индивидуални тренинзи

Фокусирана работа според твојата игра и цели.

03

Групни тренинзи

Енергија, мотивација и напредок во тим.

Падел и тенис · Скопје

Клуб за игра,
тренинг и дружење.

Tennis & Padel Academy Aerodrom е падел и тенис клуб во Аеродром, Скопје, со четири падел терени, три тениски терени и академија за деца, рекреативци и натпреварувачи. Термините се резервираат онлајн преку Meembly.

01

Падел во Скопје

Четири современи терени со вечерно осветлување и цени од 1.000 до 1.500 денари за 60 минути.

Падел терени и цени
02

Тенис во Скопје

Три тениски терени за рекреативна и натпреварувачка игра, со цена од 400 денари за 60 минути.

Тенис терени и цени
03

Тениска академија

Детска школа, индивидуални и групни тренинзи со стручен пристап за секое ниво.

Види програми

Клубот

Разгледај.
Остани.

Од првиот сервис до кафе по мечот — секој простор е дел од истото клубско искуство.

Падел терени и тераса на кејот на реката Вардар 01 / 04

01

Падел на кејот на реката Вардар

Четири современи терени, вечерно осветлување и директна врска со клубската тераса.

4 терениОтворен погледВечерна игра

Архитектонски концепт и 3D визуелизации · Aktual Haus

Посета и резервација

Се гледаме
на терен.

Падел · цена за 60 минути

Пон–Пет08:00–16:001.000 ден.
Пон–Пет16:00–18:001.300 ден.
Пон–Пет18:00–22:001.500 ден.
Саб–Нед08:00–13:001.300 ден.
Саб–Нед13:00–18:001.200 ден.
Саб–Нед18:00–22:001.500 ден.
Секој ден22:00–00:001.300 ден.

Тенис · цена за 60 минути

Тенисдо 16:00400 ден.
Тениспо 16:00600 ден.
Тениспод рефлектори800 ден.

Чести прашања

Сè што треба
да знаеш.

Каде се наоѓа Tennis & Padel Academy Aerodrom?

Клубот се наоѓа на булевар АСНОМ бр. 5 во Аеродром, Скопје, на кејот на реката Вардар.

Колку падел терени има клубот?

Клубот располага со четири современи падел терени со осветлување за вечерна игра.

Колку тениски терени има клубот?

Клубот располага со три тениски терени и нуди детска школа, индивидуални и групни тренинзи.

Како се резервира термин?

Слободните термини и резервациите се достапни преку официјалниот Meembly календар, а можеш да нè контактираш и преку WhatsApp на +389 76 467 979.

Дали клубот има кафе-бар?

Да. Комплексот вклучува кафе-бар и клубски простор од околу 200 m², lounge зона, тераса, pro shop и соблекувални.